Консултации за различните актери на граѓанското општество - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Консултации за различните актери на граѓанското општество - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Општа цел на проектот е развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот е Зајакнати човечки ресурси помеѓу актерите на ГО во Македонија.

Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други), кои имааат потреба и ќе нарачаат обуки и консултации од страна на МЦМС.

Очекуван резултат на проектот е:
Обезбедени знаења и вештини кои придонесуваат кон развивање на капацитетите на претставници на граѓанските организации и други актери на грѓанското општество, како и на сите други на кои МЦМС ќе им испорача скроена обука по нарачка.

Активностите предвидени со овој проект се поделени во три категории на обуки: Обуки за раководење; Обуки за раководење со портфолио и Обуки за организациски развој, како и подготовка и испорака на нови продукти, по потреба, во зависност од нарачката.

МЦМС е целосно одговорна за спроведување на проектот.

Временскиот период на спроведување е 01 март – 31 декември 2008 година.

Буџетот изнесува 823.500,00 МКД (директни трошоци).

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Консултации за различните актери на граѓанското општество - извршно резиме