Комуникациски вештини за судиите, јавните обвинители, адвокатите... |
Вторник, 21 декември 2010 09:38 | |||
На тема комуникациски вештини и обука за обучувачи МЦМС, на барање на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, во ноември и декември, обучуваше судии, јавни обвинители, адвокати, претставници на: Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи – оддел за организиран криминал, Управата за финансиска полиција и Царинската управа. Во петдневната обука 25-те учесници имаа можност да слушна за правилата на комуникација и причините за прекин на комуникацијата, за стиловите на комуникација, за активното слушање и за фидбекот. Дел од обуката се однесување на циклусот на учење кај возрасните, подготовката на презентации, техниките на фацилитација и фацилитаторските вештини. Во вториот дел од обуката, учесниците во групи по двајца или тројца имаа задача самите да подготват сесија за обука применувајќи дел од вештините и техниките што ги научија на обуката. Имајќи предвид дека обуката се одвиваше во пресрет на усвојувањето на измените во Законот за кривична постапка, речиси сите теми на кои работеа учесниците беа од таа област. Обучените се стекнаа со вештини кои ќе им помогнат понатаму да ги обучат нивните колеги за да можат подготвено да го пречекаат периодот на стапување на сила на Законот. Самиот Закон и измените во него ќе бидат предмет на други обуки, расправи и дискусии со кои ќе бидат опфатени учесниците на обуката. Обуката ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Валентина Чичева, обучувачи на МЦМС.
|