Дводневна работилница на НКТН - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дводневна работилница на НКТН PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 август 2010 14:05

Од 22 до 24 август 2010 година, во Берово, се одржа дводневна работилница на Националното координативно тело за не-дискриминација (НКТН). Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС и Наташа Постоловска, Полио плус беа модератори на настанот.

На работилницата присутните дискутираа околу нацрт работната програма на НКТН. Учесниците предложија проширување на составот на НКТН со претставници од: кабинетот на Претседателот на РМ, Министерството за образование и Бирото за развој на образованието, Стопанските комори, Академијата за обука на студии и Советот за радиодифузија. Исто така имаше дискусија за улогата на НКТН во јакнењето на свеста (следење медиуми) и следењето случаи (и спроведување релевантни) истражувања. Учесниците констатираа дека улогата на НКТН не е да ги заменува постоечките институции, туку да ја фацилитира комуникацијата и соработката и да биде поддршка на Комисијата за заштита од дискриминација која треба да се формира до крајот на годината.

НКТН формираше четири работни групи, кои ќе се насочат на: соработката со медиумите и дефинирање на стратгија за односи со јавност за прашањето на дискриминацја; формирањето и поддршката на Комисијата за заштита од дискриминација; развој на институциите за борба против дискриминацијата; и понатамошно следење и измнување на законодавството.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дводневна работилница на НКТН