Антикорупциска писменост во Македонија |
Среда, 25 август 2010 14:03 | |||
МЦМС започна со спроведувањето на проектот „Антикорупциска писменост“, кој ќе ги опфати граѓанските организации, органите на државна управа, медиумите и граѓаните. Целта е да се придонесе кон анализа на политиките и кон расправи за битните општествени прашања со фокус на борбата против корупцијата.
Со проектот се очекува да се зголеми свеста за проблемот на корупцијата и капацитетите за антикорупциска писменост на граѓанските организации, властите, медиумите и граѓаните на РМ и да се разменат искуства меѓу граѓанските организации од РМ со земји од регионот. Активностите ќе се спроведуваат преку: форуми за размена на ставови за проблемот за корупција, обуки за антикорупциска писменост , студиска посета во Бугарија и публикација која ќе го пренесе бугарското искуство за состојбата и справувањето со корупцијата. Ќе бидат опфатени повеќе целни групи во различни области, на целата територија на РМ. Проектот трае до крајот на годината. Буџетот на проектот е 952.750 денари. Поддршката е обезбедена од ЕЕД. Публикацијата ќе се објави на македонски и на албански јазик.
|