Дводневна работилница на НКТН |
Monday, 30 August 2010 14:05 | |||
Од 22 до 24 август 2010 година, во Берово, се одржа дводневна работилница на Националното координативно тело за не-дискриминација (НКТН). Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС и Наташа Постоловска, Полио плус беа модератори на настанот. На работилницата присутните дискутираа околу нацрт работната програма на НКТН. Учесниците предложија проширување на составот на НКТН со претставници од: кабинетот на Претседателот на РМ, Министерството за образование и Бирото за развој на образованието, Стопанските комори, Академијата за обука на студии и Советот за радиодифузија. Исто така имаше дискусија за улогата на НКТН во јакнењето на свеста (следење медиуми) и следењето случаи (и спроведување релевантни) истражувања. Учесниците констатираа дека улогата на НКТН не е да ги заменува постоечките институции, туку да ја фацилитира комуникацијата и соработката и да биде поддршка на Комисијата за заштита од дискриминација која треба да се формира до крајот на годината. НКТН формираше четири работни групи, кои ќе се насочат на: соработката со медиумите и дефинирање на стратгија за односи со јавност за прашањето на дискриминацја; формирањето и поддршката на Комисијата за заштита од дискриминација; развој на институциите за борба против дискриминацијата; и понатамошно следење и измнување на законодавството.
|