Работите на Тумбе кафе во Битола - привршуваат - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работите на Тумбе кафе во Битола - привршуваат PDF Печати Е-пошта
Петок, 17 септември 2010 14:53

Деновиве во Битола забрзано се работи на завршување на трите проекти поврзани со Тумбе кафе што граѓаните ги одбраа во рамките на програмата Форуми во заедниците. Се поставува летната сцена, светлата се пуштени во употреба и се средува трим патеката.

Работите на Тумбе кафе во Битола - привршуваат

Со проектите исто така ќе се ревитализираат употребливите реквизити, ќе се заменат оштетените и ќе се постават нови спортски и детски реквизити.

Граѓаните очекуваат да се врати стариот сјај на Тумбе-кафе, а новите генерации да ја продолжат традицијата и да го користат овој локалитет кој за битолчани има посебна културно-историска вредност.

Работите на Тумбе кафе во Битола - привршуваат

Договорената сума за спроведување на трите проекти изнесува околу 7,5 милиони денари. Парите се обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, општината Битола и мал дел од партнерите во проектите: Јавното претпријатие „Нискоградба“, Здружението на граѓани „Центар за културна деконтаминација“ и основното училиште „Кирил и Методиј“.

МЦМС го водеше процесот на идентификување на проблемите, форумулација и одлучување за проектите кои ќе бидат поддржани со средствата од програмата Форуми во зaедниците.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работите на Тумбе кафе во Битола - привршуваат