Финансирање на граѓанските организации од страна на државата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Финансирање на граѓанските организации од страна на државата PDF Печати Е-пошта
Четврток, 19 август 2010 14:49

Автори: Емина Нурединоска и Катерина Хаџи-Мицева
Дата: јули 2010 година
ISBN: 978-9989-102-98-1
PDF:
  finansiranje-na-graganskite-organizacii-od-strana-na-drzavata.pdf

Финансирање на граѓанските организации од страна на државатаПубликацијата „Финансирање на граѓанските организации од страна на државата“ е преглед на можностите за финансирање на граѓанските организации од страна на државата во неколку европски земји, како и постоечките решенија во Република Македонија.

Намерата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како издавач на оваа публикација е да ги пренесе позитивните искуства од европските земји во однос на важноста на директната финансиска поддршка за граѓанските организации од страна на државата која значително придонесува кон одржливоста на граѓанскиот сектор. Имено, споредбените искуства покажуваат дека директната финансиска поддршка за граѓанските организации од државата е практика секаде во светот. Оваа поддршка и средствата од економски активности се наоѓаат на водечкото место како извори на финансирање на организациите во земјите од Европа.

Прегледот се состои од два дела. Првиот дел претставува преглед на начините на финансирање на граѓанските организации од страна на пет европски држави и е подготвен од Катерина Хаџи-Мицева, од Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) со поддршка на Фабрис Суплисон (консултант од ЕЦНЛ). Вториот дел, подготвен од страна на Емина Нурединоска од МЦМС со поддршка на Катерина Хаџи-Мицева, Александар Стамболиев и Марија Саздевски претставува преглед на финансирање на граѓанските организации од страна на државата во Република Македонија.
Споредбениот преглед (првиот дел од публикацијата) во целост е подготвен во рамките на проектот „Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата“, финансиски поддржан од Европската Унија, а раководен од Европската агенција за реконструкција, кој се спроведуваше во периодот од декември 2005 до септември 2007 година. Вториот дел исто така користи дел од информациите подготвени во рамките на спомнатиот проект, но најголем дел се ажурирани и дополнети податоци.

МЦМС ѝ благодари на Делегацијата на Европската Унија во Скопје за одобрување за користење податоци од проектот „Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата“.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Финансирање на граѓанските организации од страна на државата