Раководење со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество - извршно резиме |
![]() |
![]() |
![]() |
Понеделник, 13 октомври 2008 15:01 | |||
Оваа програма е базирана на идентификацијата на потребите на сите вклучени партнерски организации и е основа за планот за акција на мрежата за периодот 2004-2006 година. Таа е надградба на претходното искуство меѓу партнерските организации и нивното успешно спроведување на претходната тригодишна програма. Мрежата е базирана на партнерство меѓу организации кои споделуваат заедничка визија и мисија и имаат слични потреби и ресурси за градење капацитети. Секретаријатот на мрежата работи во рамките на Македонскит центар за меѓународна соработка (МЦМС) во Скопје. Општата цел е зајакнување на капацитетите и соработката во граѓанското општество преку развој на домашни концепти, практики и јакнење на актерите на граѓанското општество на Балканот. Цел на програмата е да ги зголеми индивидуалните и организациски капацитети на релевантните НВО од Балканот и нивната соработка. Главни задачи се: да се подобри/посредува финансиската ограниченост на НВО, преку подобрени вештини и зна¬ења за мобилизацијата на ресурсите и поддршката; да се зголеми преку граничната и преку секторската соработка; да се подобри квалитетот на стандардите, вештините и знаењата меѓу НВО. Програмата развива пакет на услуги потребни за зајакнување на третиот сектор и за зајакнување на неговите вештини и улога при обезбедување на услуги за неговите корисници. Пакетите се состојат од различни активности, меѓу кои: скроени обуки, меѓусебни посети, консултации/инструкции, теренски посети, работилници, вмрежување и размена на информации. Експертски области се: вмрежување, застапување и лобирање, обезбедување на фондови, мобилизација на ресурси и поддршка, кодекс на однесување и поставуање на стандарди, управување со НВОи, стратешко планирање, институционален развој, организациско јакнење, интеркултурно учење, и родовата улога во развојот. Тековен извештај од програмата. Проекти: Завршени проекти:
|