Раководење со Секретаријатот на БЦСДН - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со Секретаријатот на БЦСДН PDF Печати Е-пошта

Раководење со Секретаријатот на БЦСДНБалканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) е мрежа на 14 граѓански и екуменски организации од 10 земји на Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Романија, Словенија и Србија). Главна цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и градење на капацитетите на организациите-членки и останатите партнерите во Југоисточна Европа. МЦМС раководи со програмата и Секретаријатот на мрежата.

Целта на проектот беше да ги подобри меѓуграничната и меѓусекторската соработка и да го зајакне влијанието на граѓанските организации на Балканот.

Целна група беа членките на БСЦДН (ACSF, DA, MCIC, PF, WAD, NIT, EOS, EHO, AID-Rom, OAR, WAWY, CRNVO, CNVOS KCSF, VESTA), други релевантни граѓански организации и јавноста.

Главната активност на проектот беше раководење со Секретаријатот на БЦСДН. Раководењето на Секретаријатот ги подразбираше следните задачи: координација и дневно управување на активностите на мрежата; раководење со проектен циклус на заедничките проекти; одржување комуникација меѓу/со членките и телата на мрежата; одржување комуникацијата со другите актери; собирање и дистрибуција на релевантни информации за членките преку одржување на веб-страната www.balkancsd.net; овозможување и промоција на соработка со надворешни актери; поддршка на телата на БЦСДН и на заедничките инцијативи на членките (вклучително и годишен состанок на Управувачката група); други задачи во договор со Управувачката група на мрежата. Задачите беа дефинирани врза база на договор за управување со БЦСДН Секретаријатот меѓу МЦМС и Управувачка група потпишан на третиот состанок на Групата во Букурешт, Романија на 7-8 април, 2006 година.

Секретаријатот го сочинуваше едно лице со полно работно време, односно координатор и едно раководно лице со четвртина (1/4) работно време. Средствата кои беа наменети за функционирање на Секретаријатот се однесуваа на: плата, консултации, транспорт, комуникации, канцелариски трошоци, имот и финансиски трошоци.

Во рамките на овој проект освен дневно раководење на Секретаријатот (т.е. комуникација со членки, управување со интернет страна, информирање за настани и можности за заеднички проекти) се состоеше и од организирање на 5-ти редовен состанок на Управувачка група на 1-ви април во Љубљана, Словенија и последователна стратешка работилница во Котор, Црна Гора на 12-13-ти септември, на која се расправаше нацрт статут на мрежата и среднорочен стратешки план. Со цел да се обезбедат дополнителни средства за реализација на стратешка работилница, членките во соработка со Секретаријатот обезбедија дополнителни финансиски средства за нејзина реализација преку програма OSI East-East. Детални извештаи и записник од двата настани се достапни на БЦСДН интернет страна.

Во рамките на проектот се реализира соработка со другите заинтересирани организации од регионот и мрежи.  Меѓу нив беа мрежи како: Балкански форум (регионална иницијатива за соработка на актери во неформално образование); Работната група на АПРОДЕВ за Источна Европа, Кавказ и Централна Азија; Работната група на КОНКОРД-ТРИАЛОГ за проширување (ЕПАН); ЕЦАС (European Citizens’ Action Service); и организации: Центар за промоција на цивилно друштво (БиХ); Граѓански пакт за ЈИЕ (Србија), ИДМ (Албанија) и др. Координатор на мрежа е активен член на спомнатите мрежи, а е потпретседател на Работната група на КОНКОРД-ТРИАЛОГ за проширување (ЕПАН).

Организација на проектот

МЦМС имаше одговорност за спроведувањето на проектот. Проектот опфаќаше активности кои се дел од програмата РБМ за 2008 година.

Известување, набљудување и оценување

Напредокот на овој проект беше набљудуван преку редовни состаноци на проектниот тим составен од раководител и соработник на проект и овој завршен извештај. Проектот беше во одговорност на Тања Хафнер Адеми, соработник на проекти и Александар Кржаловски, раководител на Одделението за крос-секторски и меѓународни програми.

Се направи оценка на квалитетот и релевантноста на проектот преку бројот на учесници, партиципативност на учесниците преку извештај за секоја активности, односно настан. За БЦСДН интернет страна се спроведе анкета во месец август-септември (заедно со неделни вести) во која корисници искажаа задоволство од форматот и суштината на страницата.

Последователни активности

Врз база на задоволство од интернет страна, таа ќе продолжи да нуди ажурни информации на членки како и ресурси и информации за активности на мрежата. Планираната последователна активност-стратешка работилница, веќе беше реализирана за време на проектот. Активности што произлегоа од работилницата (комплетирање на статутот и регистрација на мрежата) се во тек и ќе бидат завршени на пролет 2009 г. На состанок на Управувачка група и работилница беше потврдено дека Секретаријатот и понатака ќе го раководи МЦМС.

Извршно резиме од проектот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Раководење со Секретаријатот на БЦСДН