Слободата на здружување како доказ за демократичноста - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Слободата на здружување како доказ за демократичноста PDF Печати Е-пошта
Среда, 28 април 2010 10:09

Во почетокот на април 2010 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во Скопје, успешно беше одбранет магистерскиот труд „Слободата на здружувањето како човеково право во демократијата“ на кандидатката Емина Нурединоска.

Слободата на здружување како доказ за демократичноста

„Преку разработувањето на оваа тема сакав да ги согледам и потенцирам аспектите важни за слободата на здружувањето и тоа историскиот и секако актуелниот аспект“, вели Емина. „Слободата на здружувањето најчесто се опишува како доказ за достигнувањата на демократијата и ова е едно од централните и право од првата генерација на човекови права кои ја изразуваат основата на либералната концепција на демократијата воопшто“, додава таа.

Трудот ја разгледува и анализира слободата на здружување низ три поглавја: слобода на здружувањето воопшто и во меѓународни рамки, слобода на здружување во Македонија и зголемување на културните разлики во демократските општества – мултикултурализмот, интегрирањето и слободата на здружување.

Граѓанскиот сектор доби квалитетна анализа на слободата на здружувањето која освен теоретските аспекти го прифаќа и предизвикот на анализирање на праксата низ пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Се очекува овој труд наскоро да биде публикуван и на тој начин овие анализи станат подостапни за заинтересираните.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Слободата на здружување како доказ за демократичноста