Студиска посета на европските институции - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Студиска посета на европските институции PDF Печати Е-пошта
Недела, 28 март 2010 00:00

Јакнење на капацитетите на граѓанските организации и државните институции за борба против дискриминацијата е целта на студиската посета што ќе се реализира во периодот од 14 до 17 април оваа година во Брисел.

Во посетата ќе учествуваат неколку пратеници од Собранието на РМ, претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда, Народниот правобранител и граѓанските организации членки на Сојузот Македонија без дискриминација (МБД).

Учесниците ќе го посетат Телото за еднаквост, Европската комисија, Европскиот парламент и граѓански организации кои работат на полето на заштита од дискриминација и промовирање на еднаквост.

Студиската посета е дел од проектот „Нов модел за недискриминација“ на МЦМС.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Студиска посета на европските институции