Студиска посета на европските институции - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Студиска посета на европските институции PDF Print E-mail
Sunday, 28 March 2010 00:00

Јакнење на капацитетите на граѓанските организации и државните институции за борба против дискриминацијата е целта на студиската посета што ќе се реализира во периодот од 14 до 17 април оваа година во Брисел.

Во посетата ќе учествуваат неколку пратеници од Собранието на РМ, претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда, Народниот правобранител и граѓанските организации членки на Сојузот Македонија без дискриминација (МБД).

Учесниците ќе го посетат Телото за еднаквост, Европската комисија, Европскиот парламент и граѓански организации кои работат на полето на заштита од дискриминација и промовирање на еднаквост.

Студиската посета е дел од проектот „Нов модел за недискриминација“ на МЦМС.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Студиска посета на европските институции