Студиска посета на европските институции - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Студиска посета на европските институции PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E diel, 28 mars 2010 00:00

Јакнење на капацитетите на граѓанските организации и државните институции за борба против дискриминацијата е целта на студиската посета што ќе се реализира во периодот од 14 до 17 април оваа година во Брисел.

Во посетата ќе учествуваат неколку пратеници од Собранието на РМ, претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда, Народниот правобранител и граѓанските организации членки на Сојузот Македонија без дискриминација (МБД).

Учесниците ќе го посетат Телото за еднаквост, Европската комисија, Европскиот парламент и граѓански организации кои работат на полето на заштита од дискриминација и промовирање на еднаквост.

Студиската посета е дел од проектот „Нов модел за недискриминација“ на МЦМС.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Студиска посета на европските институции