Партиципативни практики во буџетирањето во Албанија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Партиципативни практики во буџетирањето во Албанија PDF Печати Е-пошта
Недела, 28 март 2010 00:00

МЦМС и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, од 7 до 9 април оваа година организираат студиска посета „Партиципативно буџетирање“ во Тирана, Албанија.

Во посетата ќе учествуваат пратеници од Собранието на РМ, од Владата на РМ, министерствата, локалната самоуправа и претставници од граѓански организации.

Учесниците ќе се запознаат со процесот на подготовка на буџетот во Албанија, со локалните буџетски политики и децентрализацијата на Министерството за внатрешни работи, ќе се сретнат со претставници на парламентарните комисии и со претставници на други организации.

Посетата е дел од програмата „Добро управување во Македонија“ во која е предвидено јакнење на капацитетите на граѓанските организации и државните институции за транспарентен и партиципативен процес на подготовка на државниот буџет. Таквиот буџет треба да ги одрази општествените приоритети и да ја јакнење свеста и капацитетите на граѓаните за одговорност и партиципација.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Партиципативни практики во буџетирањето во Албанија