Граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 09 dhjetor 2008 16:49

doverba-vo-go-2008[Прес соопштение] Истражувањето за довербата во граѓанското општество покажа дека општата доверба во граѓанските организации е 41,7%. Мнозинство од граѓаните веруваат дека граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните и можност нивното мислење и дејствување да допре до јавноста. Во ова соопштение ви го презентираме четвртиот и петтиот дел од истражувачкиот извештај кој се однесува на довербата во граѓанските организации.

Ставовите дека граѓанските организации се средство со кое вешти поединци доаѓаат до пари и влијание и/или им служат само на интересите на странски држави и на нивните фондации се во малцинство. Во споредба со 2007 има вкупна позитивна промена од 13,5%.

Испитаниците се изјасниле дека граѓанските организации се злоупотребени (81,8%) од политичките партии или од нивните лидери, што е значително зголемување (околу 10 %) во однос на минатата година. Сепак, мало малцинство (околу 25 %) од нив можеле да наведат конкретна граѓанска организација зад која сметаат дека стои политичка партија (во сите поединечни случаи, тој процент е незначителен - помал од 5,1 %). Ова може да говори за стереотип за поврзаноста меѓу политичките партии и граѓанските организации, кој не е поткрепен со конкретни аргументи.

Мнозинство граѓани (56,1%) знаат успешни граѓански организации, а споредено со претходно знаат и повеќе за организации кои работат во конкретни области. Познавањето на граѓанските организации е подобрено во сите испитувани области во споредба со 2007 година.  Граѓаните имаа најмногу доверба во секторите: лица со посебни потреби (65,5%), деца, млади и студенти (65,2%) и жени и родови прашања (61%).

Познавањето на организациите кои работат на борба против сиромаштијата е 54,6% и е подобро во однос на другите испитувани области (граѓанско општество, борба против корупција и развој на мали и средни претпријатија).

Образованието, возраста и економскиот статус имаат влијание врз познавањето на граѓанските организации. Лицата со повисоко образование, помладите, вработените во јавниот сектор и учениците и студентите се подобри познавачи на граѓански организации.

Јавноста има позитивно мислење за граѓанските организации иако има помалку доверба во нивните лидери.

Односот на позитивно/негативно мислење за граѓанските организации е во благо опаѓање во однос на претходната година (од 4,4 на 3,5).

Граѓанските организации на трибина ги дискутираа наодите и заклучоците од ова истражување. Тие сметаат дека граѓаните недоволно го познаваат граѓанскиот сектор и дека недостасува поголема видливост на резултатите што ги постигнуваат.

Прв дел од истражувачкиот извештај
Втор дел од истражувачкиот извештај
Трет дел од истражувачкиот извештај

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните