Jавниот дух се помести кон умерен - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Jавниот дух се помести кон умерен PDF Печати Е-пошта
Сабота, 04 април 2009 13:16

Jавниот дух се помести кон умерен[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општeствената одговорност на граѓаните. Во оваа соопштение ви ги презентираме податоците за   првиот дел од истражувачкиот извештај – за јавниот дух .

Поддршката на владеење на правото или јавниот дух е истражувана преку пет прашања: оправданост на барањето бенефиции за кои се нема право, неплаќање на комуналните услуги, мамењето данок, избегнувањето да се плати јавниот превоз и давањето/примањето мито.

Истражувањето покажа дека има поместување од низок кон умерен степен на јавен дух кон умерен степен на јавен дух во Македонија. Критичка точка се уште е оправдувањето на барање бенефиции од Владата за кои граѓаните немаат право.

Граѓаните во големо мнозинство поддржуваат плаќање данок (92,2%), комунални услуги (91,2%), јавен превоз (92,3%), како и не давање/примање мито (92.8%). Помала е поддршката на ставот да не се бараат бенефиции од Владата за кои граѓаните немаат право (85,4%).

Јавниот дух е во пораст во однос на 2007 година, како и во однос на претходното истражување во 2004 година. Поддршката за плаќање данок е зголемена на 92,2% од 80,8% во 2007 година. Слично е со комуналните услуги и јавниот превоз за кои поддршката во 2007 година изнесувала 78,4%, односно 79,9%. Зголемен е бројот и на оние кои сметаат дека не е оправдано да се бараат бенефиции од Владата за кои граѓаните немаат право на 85,4% од 57,8% во 2007 година. Ставовите за мито се мерат за прв пат.

Еден дел од одговорите имаат поддршка и во реалноста. Бројот на поднесени годишни пријави за данок од персонален приход е зголемен од околу 30.000 пријави за 2006 г. на над 100.000 пријави за 2008 г. Од друга страна во друго истражување во 2008 г. околу 71% од граѓаните одговориле дека редовно ги плаќаат сметките за вода, што укажува на значаен дел на граѓани кои не оправдуваат неплаќање иако и самите не плаќаат редовно или воопшто.

Општествена одговорност на граѓаните.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Jавниот дух се помести кон умерен