Осуда на насилството |
![]() |
![]() |
![]() |
Вторник, 31 март 2009 11:25 | |||
Ние, како сојуз на граѓански организации „Македонија без дискриминација“ најостро го осудуваме насилството како такво, насилното спречување на слободата на говор, мисла, уверување и собир. Најостро ја осудуваме секоја манифестација и секое повикување на дискриминација врз било која основа како и употребата на говор на омраза. Ја поддржуваме изразената јавна осуда и ги повикуваме надлежните органи да преземат конкретни акции во насока на заштита на човековите права. Бараме примена на законот кон тие кои ги ограничија и прекршија правата на граѓаните, против сите кои со сила и сериозна закана го спречија оддржувањето на јавен собир и против сите поттикнувачи и поддржувачи на насилството. Посебно бараме од власта да ја активира внатрешната контрола на МВР и да го преиспита и санкционира секое несоодветно постапување на полицијата. Сметаме дека манифестираното насилство е знак на длабок општествен конфликт, настанат во отсуство на комуникација и дијалог и резултат на долготрајна толераниција на дискриминацијата и говорот на омраза, како од страна на власта, така и од страна на цивилното општество. Ја повикуваме власта, во најкраток можен рок да преземе активности со кои ќе се спречи насилство од ваков вид и што е можно побрзо донесување на законот за забрана на дискриминација и воспоставување на ефективен механизам за заштита на правата на граѓаните и посебно, заштита од дискриминација. Со почит, Секретаријат на Сојузот Контакт: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Скопје, 30.03.2009 година
|