„МОСТ“ меѓу Македонија и Северна Ирска - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„МОСТ“ меѓу Македонија и Северна Ирска PDF Печати Е-пошта
Недела, 29 ноември 2009 14:40

Од 23-27 ноември, Одборот на директори на МЦМС беше во посета на Северна Ирска. Повод беше започнувањето на проектот Мост – граѓанско лидерство преку меѓународен дијалог, кој ќе се спроведува во партнерство со Mediation Northern Ireland (МНИ), од Белфаст.

„МОСТ“ меѓу Македонија и Северна Ирска

МОСТ е проект за учење и вмрежување и има цел да ги адресираа прашањата на сегрегација преку создавање и развој на меѓународни врски, размена на добри практики и зајакнување на локалните медијатори со меѓународно искуство.

Проектот е продолжување на досегашната успешна соработка на МЦМС со МНИ и е резултат на успешна пријава за финансирање до Одборот на ЕУ за специјални програми (дел од Европската програма за регионален развој „Инвестирај во својата иднина“). Проектот има три столба. МЦМС е вклучен во првиот – транснационална размена на добри практики. Предвидени се шест разменски посети меѓу Македонија и Северна Ирска и пограничните подрачја на Република Ирска. Посетите се посветени на темите: полиција, локална самоуправа, вера, медиуми, младина, домување. Посетите ќе се реализираат од 2010-2012, колку што е и траењето на проектот.

Идејата за проектот се базира на сличностите на контекстите на Македонија и Северна Ирска  (од големината на територијата, популацијата, застапеноста по етничка и верска основа – со големи малцинства, до историјата), вклучително и на конфликтите и договорите за нивно разрешување (Охридскиот и Велигденскиот), како и искуствата на МНИ и МЦМС од претходните активности - обуки од МНИ за медијација и градење на мирот во Македонија и студиски посети на делегации од Македонија (медиуми, верски заедници) организирани од МЦМС на Северна Ирска.

„МОСТ“ меѓу Македонија и Северна Ирска

Целта на оваа посета од МЦМС, покрај планирањето на обврските на партнерите, беше и учество на промотивниот настан, организиран од МНИ во Собранието на Северна Ирска, на 25.11.2009 година. Настанот го промовираа двајца пратеници: Вили Кларк, пратеник од редовите на Шин Феин, водечката партија на про-ирски републиканци  и Дени Кенеди - пратеник од водечката партија  на про-британски унионисти.  Свои излагања за проектот имаа Питер О’Рајли – директорот на МНИ и Мери МекАнулти – раководител на проектот, а презентација за Македонија имаше Сашо Клековски – Прв извршен директор на МЦМС.

На настанот учествуваа околу 80 претставници од целните групи на проектот (полиција, локална самоуправа, медиуми, мировни активисти и практичари на медијација), кои беа интерактивно вклучени во вториот дел, преку одговарање на прашања (директно, електронски и анонимно) за очекувањата во однос на разните аспекти од проектот. Интересно беше што најголем дел од учесниците сметаа дека можат многу да научат од македонските искуства, а се покажа и комплементарноста на искуствата (Македонија може повеќе позитивни примери да пружи за локалната самоуправа и меѓуверската соработка, а Северна Ирска во однос на полицијата и медиумите). 

Со овие активности, МЦМС продолжува со активностите за промоција на предностите од разноличноста и мултикултурноста на Македонија, јакнењето на дијалогот и потребата од меѓузависност на разните заедници.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести „МОСТ“ меѓу Македонија и Северна Ирска