Карбинчани ги почувствуваа резултатите од форумите во заедниците - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Карбинчани ги почувствуваа резултатите од форумите во заедниците PDF Печати Е-пошта
Среда, 25 ноември 2009 10:27

На 19 ноември 2009 година се одржа последователната форумска сесија во општината Карбинци. Заинтересираните граѓани имаа можност да слушнат како се завршиле активностите што самите тие ги развиваа, планираа и формулираа во текот на шесте форумски сесии во 2008 година.

Карбинчани ги почувствуваа резултатите од форумите во заедниците

„Задоволна сум од резултатите што се постигнати во општината“, ни рече на крајот од сесијата  Марија Андонова од Таринци.

Имаше многу што не веруваа дека ќе се заврши ова на ваков начин, ама ете, стварно помина се во најдобар ред“, додаде таа.  И за Марина Коцева од Таринци ова било интересно искуство. „Прв пат учествувам во нешто вакво и ми беше многу интересно, се што се договоривме се реализираше или е во реализација“, вели таа. „Децата се најсреќни. Јас сум наставничка во едно училиште во селото Парналија. Децата никогаш немале можност вака да си играат, сега ми е тешко да ги вратам од лулашките во клупа“ вели низ насмевка наставничката по англиски јазик.

Карбинчани ги почувствуваа резултатите од форумите во заедниците

Форумите им овозможија на граѓаните да се вклучат во одлучувањето во нивната општина и да почувствуваат како изгледа тие да ја креираат политиката. „Во почетокот работите некако ми беа како во магла“, го сподели со нас своето искуство Сретен Пешов од Долни Балван, „ама како течеа сесиите – така се си доаѓаше на свое место и работите се разјаснуваа. Ја бев еден од иницијаторите за малите спортски игралишта и ете, ги бидна. Уште да им ставиме светла и клупи па ќе можеме подолго да ги користиме“, раскажува со ентузијазам Сретен.

Форумите во заедниците во општината Карбинци започнаа во март 2008. Форумските сесии се одвиваа до крајот на 2008 година. Граѓаните им дадоа приоритет на три проекти при гласањето: урбано уредување, детски игралишта и мали спортски терени кои се спроведоа до крајот на октомври 2009 година.

Буџетот на програмата беше 4 милиони денари.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Карбинчани ги почувствуваа резултатите од форумите во заедниците