Чиста сметка - здрава вода - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Чиста сметка - здрава вода PDF Печати Е-пошта
Среда, 18 ноември 2009 13:56

МЦМС во соработка со општината Јегуновце ја започна кампањата „Чиста сметка - здрава вода“. Кампањата има за цел да ја зголеми јавната свест за потребата од  индивидуални приклучоци со водомери и плаќање на водата што се користи од новите водоводни системи во општина Јегуновце.

Чиста сметка, здрава вода

Стартот на кампањата го одбележаа првите едукативни часови за учениците од основното училиште „Шемшево“ во село Жилче на тема „Водата живот значи“. Учениците имаа можност да се запознаат и разговараат за  водата на планетата Земја, нејзиното кружно движење, зошто ни е потребна чиста вода, последиците од штетната вода, употреба на водата итн. Истовремено беше направен експеримент, каде на учениците визуелно им беше покажано колкав дел од водата на планетата е чиста вода која може да се користи од страна на луѓето и другите живи суштества.

Чиста сметка - здрава вода

На првите едукативни часови учество земаа 58 ученици од петто до осмо одделение. Едукативните часови треба да придонесат кон јакнење на свеста на учениците за значењето на здравата вода за пиење.

Чиста сметка - здрава вода

Паралелно со едукативните часови започна и дистрибуцијата на   промотивниот материјал од кампањата по домаќинствата во општина Јегуновце, како и информативните средби со жителите организирани во соработка со месните заедници.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Чиста сметка - здрава вода