Заврши уште една фаза од развојот на актерите на граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Заврши уште една фаза од развојот на актерите на граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Сабота, 08 август 2009 11:03

Заврши програмата Организациски развој на актерите на граѓанското општество (ОРР). Целта на програмата беше да се развијат организациските и институционалните капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Заврши уште една фаза од развојот на актерите на граѓанското општество

Aктивностите од програмата им беа наменети на формалните и неформалните граѓански организации и мрежи, како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други). Како директни корисници на програмата беа опфатени 1920 лица.

За постигнување на резултатите на програмата беа користени: обуки, консултации, истражувања и оценки. Обуките беа спроведувани како редовни и скроени. На редовните обуки учесниците се пријавуваа на отворен повик објавен во дневните весници, а скроените беа организирани и дизајнирани во согласност со барањата на нарачателите.

Во текот на програмата беа реализирани вкупно 132 настани/мисии. Во текот на програмата беа реализирани 15 редовни обуки. Обуките и консултациите се спроведоа на различни теми: организациски развој, раководење со портфолио, раководење со човечки ресурси. Беше спроведена и обука низ работа во канцелариите на МЦМС.

Програмата ја спроведе МЦМС со својот тим на консултанти, а по потреба беа ангажирани и надворешни соработници.

Средствата за спроведување на оваа програма беа обезбедени од Данската црковна помош (ДЦА), Евангелската црковна помош (ЕЕД), ОБСЕ како и сопствени средства добиени преку партиципација на учесниците на редовните обуки и други корисници.

Трошоците за програмата изнесуваат 24,601,372 МКД.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Заврши уште една фаза од развојот на актерите на граѓанското општество