Заврши уште една фаза од развојот на актерите на граѓанското општество |
Saturday, 08 August 2009 11:03 | |||
Заврши програмата Организациски развој на актерите на граѓанското општество (ОРР). Целта на програмата беше да се развијат организациските и институционалните капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Aктивностите од програмата им беа наменети на формалните и неформалните граѓански организации и мрежи, како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други). Како директни корисници на програмата беа опфатени 1920 лица. За постигнување на резултатите на програмата беа користени: обуки, консултации, истражувања и оценки. Обуките беа спроведувани како редовни и скроени. На редовните обуки учесниците се пријавуваа на отворен повик објавен во дневните весници, а скроените беа организирани и дизајнирани во согласност со барањата на нарачателите. Во текот на програмата беа реализирани вкупно 132 настани/мисии. Во текот на програмата беа реализирани 15 редовни обуки. Обуките и консултациите се спроведоа на различни теми: организациски развој, раководење со портфолио, раководење со човечки ресурси. Беше спроведена и обука низ работа во канцелариите на МЦМС. Програмата ја спроведе МЦМС со својот тим на консултанти, а по потреба беа ангажирани и надворешни соработници. Средствата за спроведување на оваа програма беа обезбедени од Данската црковна помош (ДЦА), Евангелската црковна помош (ЕЕД), ОБСЕ како и сопствени средства добиени преку партиципација на учесниците на редовните обуки и други корисници. Трошоците за програмата изнесуваат 24,601,372 МКД.
|