Граѓански практики бр. 1 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓански практики бр. 1 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 15 јули 2008 14:21

Автори: Ружица Фотиновска, д-р Мишо Докмановиќ, Жанета Ќосе, Николаки Миов и д-р Миодраг Лабовиќ
Дата: 2003 година
PDF:
graganski-praktiki-br.1.pdf

100 години македонска државност - граѓанските иницијативи низ тој период” и „Транспарентност и одговорност во граѓанскиот сектор

Граѓански практики бр. 1Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) започнува со издавањето на Граѓански практики.

Граѓанските практики се резултат на нашето (и на МЦМС и на граѓанскиот сектор) трагање по наше “домашно” разбирање на граѓанското општество.

Трагањето по одомаќени концепти и практики на граѓанското општество е резултат на свеста дека граѓанските организации и иницијативи се делотворни само ако се домашна сопственост и ако се вкоренети во општеството.

Првите чекори МЦМС ги направи во 2001 година со замена на поимот невладини организации со граѓански организации. Таа година е издаден “Адресарот на граѓански организации во Македонија” (IV издание).

Таа година започна и издавањето на месечното списание за граѓанското општество Граѓански свет. Во 2002 година е издадено првото издание на “Проекти на граѓанските организации во Македонија”.

Оваа, 2003 година, го започнуваме издавањето на “Граѓански практики”. Граѓанските практики треба да ја поттикнат и да ја поддржат изградбата на одомаќени концепти и практики на граѓанското општество во Македонија.

Граѓански практики ќе излегуваат тримесечно. Секој број ќе содржи носечка/и теми и други теми. Изборот на носечките теми го врши МЦМС.

Изборот на теми и автори е извршен преку јавен конкурс за да се овозможи пристап на широк круг теоретичари и практичари.

Првиот број е посветен на темата “100 години македонска државност - граѓанските иницијативи низ тој период”. Тоа е наш прилог во одбележувањето на 100 години македонска државност и кон трагањето по корените на граѓанските организации и иницијативи во Македонија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓански практики бр. 1