Praktika qytetare nr. 1 |
E martë, 15 korrik 2008 14:21 | |||
Автори: Ружица Фотиновска, д-р Мишо Докмановиќ, Жанета Ќосе, Николаки Миов и д-р Миодраг Лабовиќ 100 години македонска државност - граѓанските иницијативи низ тој период” и „Транспарентност и одговорност во граѓанскиот сектор Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) започнува со издавањето на Граѓански практики. Граѓанските практики се резултат на нашето (и на МЦМС и на граѓанскиот сектор) трагање по наше “домашно” разбирање на граѓанското општество. Трагањето по одомаќени концепти и практики на граѓанското општество е резултат на свеста дека граѓанските организации и иницијативи се делотворни само ако се домашна сопственост и ако се вкоренети во општеството. Првите чекори МЦМС ги направи во 2001 година со замена на поимот невладини организации со граѓански организации. Таа година е издаден “Адресарот на граѓански организации во Македонија” (IV издание). Таа година започна и издавањето на месечното списание за граѓанското општество Граѓански свет. Во 2002 година е издадено првото издание на “Проекти на граѓанските организации во Македонија”. Оваа, 2003 година, го започнуваме издавањето на “Граѓански практики”. Граѓанските практики треба да ја поттикнат и да ја поддржат изградбата на одомаќени концепти и практики на граѓанското општество во Македонија. Граѓански практики ќе излегуваат тримесечно. Секој број ќе содржи носечка/и теми и други теми. Изборот на носечките теми го врши МЦМС. Изборот на теми и автори е извршен преку јавен конкурс за да се овозможи пристап на широк круг теоретичари и практичари. Првиот број е посветен на темата “100 години македонска државност - граѓанските иницијативи низ тој период”. Тоа е наш прилог во одбележувањето на 100 години македонска државност и кон трагањето по корените на граѓанските организации и иницијативи во Македонија.
|