Lobbying in Local Government |
Wednesday, 03 June 2009 11:42 | |||
Автор: Марјан Танушевски
Лобирањето како основа на секој демократски процес е неопходно потребна активност. Лобирањето се занимава со јавните одлуки. Лобирањето со моќта на аргументите ги зголемува дострелите на демократијата која е од интерес на јавноста. Всушност, лобирањето е комплексен процес кој ги поврзува различните знаења и вештини, но и арбитер кому самите му обезбедуваме мандат за одлучување. Лобирањето е важна менаџерска вештина. Според некои автори тоа е високо професионално дело, кое се одвива систематски, се до остварувањето на целта која е од интерес на јавноста. Лобирањето не е егзактна наука ниту древна дисциплина. Тоа е дел од мондијализацијата во сите пори, но и на сите нивоа во општеството. Со лобирање сигурно дека ќе се подобри компетенцијата на органите на локалната самоуправа особено во делот на комуникациската и лидерската умешност. Овој труд, во скромно публикувана понуда на оваа тема во Република Македонија треба да помогне во запознавањето со историјата и поимот лобирање, методите и техниките за лобирање, како и нивната примена за поефикасна локална самоуправа. Во литературата меѓу другото е забележано дека „за да бидеш успешен лобист треба да бидеш како „spiderman“ или човек-пајак, високообразован, вешт комуникатор, одличен аналитичар, односно човек кој лесно се движи во мрежата што сам ја плете“.
|