Прирачник за добро управување во граѓанските организации (второ издание) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прирачник за добро управување во граѓанските организации (второ издание) PDF Печати Е-пошта
Вторник, 11 март 2008 15:18

Автори: Емина Нурединоска и Келменд Зајази
Дата: 2008 година
ISBN: 978-9989-102-71-4
PDF:
priracnik-za-dobro-upravuvanje-vo-graganskite-organizacii-2008.pdf

Прирачник за добро управување во граѓанските организацииПрирачникот за добро управување претставува компилација на теоретски и практични прашања и предлог решенија поврзани со основните принципи на доброто управување во граѓанските организации. Подготвен е за потребите на проектот на ОБСЕ „Програма за градење капацитети 2008“ и е наменет за организациите партнери на ОБСЕ и дру-ги граѓански организации.

Прирачникот се заснова на првото издание на „Добро управување во граѓанските организации“ издаден исто така од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во 2007 година. Ова издание содржи дополнувања и појаснувања на поимите, а исто така содржи и низа прилози кои треба да ја олеснат работата на граѓанските организации при нивните намери за воспоставување повисоки стандарди на внатрешна организираност и нивно практикување при секојдневното работење.

Концептот на управувањето не е новина. Тој постои откако постои и човечката цивилизација и значи процес на носење одлуки и процес во кој одлуките се (или не се) спроведуваат. Доброто управување пак е понов концепт и е воведен со цел да му даде позитивна конотација на управувањето.

Иако повеќето истражувања и литература се однесуваат на доброто управување во државата и во приватниот сектор, истото наоѓа значајна примена и во граѓанскиот сектор.

Намерата на МЦМС и ОБСЕ со овој прирачник е да придонесе кон развојот на граѓанскиот сектор, неговата одржливост и позитивен имиџ во јавноста преку презентирање на теоретски решенија и практични совети и алатки за примена на принципите на доброто управување.

Иако Законот за здруженија на граѓани и фондации ги нуди основите за организациската структура и управувањето, сепак за одржливоста на секторот во контекст кој е неповолен, несомнено се наметнува потреба самите граѓански организации да отидат чекор понапред и да воспостават повисоки етички стандарди кои ќе значат развиена демократска структура, транспарентност, одговорност, отчетност, патиципативност.

Токму овој прирачник има за цел да им ги направи достапни на едно место најчесто применуваните стандарди за добро управување пред се на лидерите на граѓанските организации.

Прирачникот ги адресира најважните прашања на доброто управување, како: поим на управување, добро управување, заеднички елементи на доброто управување, контекст во кој делуваат органите на граѓанските организации, развоен циклус на организација и на неизвршни органи, улогата на незивршниот орган оптшто и неговата улога во врска со финансиите на организацијата, улогата на членовите на неизвршниот орган, спречувањето на судир на интереси, регрутирање на нови членови и односи меѓу неизвршните и извршните органи.

МЦМС им се заблагодарува на сите организации и поединци кои активно учествуваа во обезбедувањето препораки и насоки за содржината на оваа публикација.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Прирачник за добро управување во граѓанските организации (второ издание)