Медиумите и граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите и граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 Февруари 2009 12:26

Пред крајот на минатата година МЦМС направи проверка на перцепцијата за слаба застапеност на граѓанските организации во медиумите. Проверката покажа недоволна застапеност на граѓанските организации во медиумите и квантитативно и квалитативно.

Со набљудувањето беа опфатени весниците Време, Дневник, Утрински весник, Вечер и Коха за периодот октомври – декември 2008 година. Во овие три месеци, објавени се 47 написи (не се вклучени написите за црквите и верските заедници како и кратките вести, како најави за изложби, промоции).

Медиумите и граѓанските организации

Најголем дел од написите (72,34%), се неутрални, 25,53% се позитивни, а 2,12% се негативни. Главен критериум за претставеноста на организацијата во написите беше дали новинарот/новинарката има дадено негативен или позитивен коментар на истата.

Истражувањето покажа дека новинарите вообичаено се воздржуваат од коментари при преносот на информациите.

Известувањата вообичаено се кратки исвестувања (91,48%), а остатокот се извештаи и едно интервју. Што се однесува до темите, најчесто се известувало за деца, млади и студенти (21,28), за волонтеризмот (14,89), за одржливиот развој (10,64), за активностите што се поврзани околу корупцијата (8,51). Најзастапени организации во медиумите се оние кои работат во полето на демократијата, човековите права и владеењето на правата (21,28%) и организациите што се борат за правата на деца и млади, а најмалку застапени се организациите чија целна група се старите лица, односно што дејствуваат во областа на претставувањето на интересите на пензионерите, грижа за старите лица и сл.

Од набљудуваните весници, најмногу за граѓанските организации известувал Утрински весник (44,68%), а најмалку Коха (8,51%).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Медиумите и граѓанските организации