Донирај од својот персонален данок на доход |
Четврток, 25 декември 2008 16:08 | |||
МЦМС ја започна својата нова кампања наречена „Донирај од својот персонален данок на доход“. Со кампањата се актуелизираат даночните олеснувања и ослободувања за донирањето и спонзорирањето на проектите од јавен интерес што ги предвиде Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. На овој начин, граѓаните имаат можност да бидат солидарни, општествено одговорни и да им помогнат на оние кои имаат потреба. МЦМС ви нуди да изберете за што ќе донирате дел од вашиот персонален данок на доход, станува збор за три проекти од јавен интерес: Деинституционализацијата почна; Македонија без дискриминација и Училишта по мерка. Останува да го искажете вашиот интерес, а МЦМС ќе ја спроведе процедурата и ќе гарантира за неа.
|