Донирај од својот персонален данок на доход - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Донирај од својот персонален данок на доход PDF Print E-mail
Thursday, 25 December 2008 16:08

doniraj-od-svojot-personalen-danokМЦМС ја започна својата нова кампања наречена „Донирај од својот персонален данок на доход“. Со кампањата се актуелизираат даночните олеснувања и ослободувања за донирањето и спонзорирањето на проектите од јавен интерес што ги предвиде Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

На овој начин, граѓаните имаат можност да бидат солидарни, општествено одговорни и да им помогнат на оние кои имаат потреба.
Можат да донираат сите даночните обврзници, согласно Законот за персонален данок на доход, кои поднесуваат годишна даночна пријава. Со донирањето се намалува персоналниот данок на доход за годината во која се донира.

МЦМС ви нуди да изберете за што ќе донирате дел од вашиот персонален данок на доход, станува збор за три проекти од јавен интерес: Деинституционализацијата почна; Македонија без дискриминација и Училишта по мерка. Останува да го искажете вашиот интерес, а МЦМС ќе ја спроведе процедурата и ќе гарантира за неа.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Донирај од својот персонален данок на доход