Структура за поддршка и градење капацитети - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Структура за поддршка и градење капацитети PDF Печати Е-пошта

Начелата за еднаквост и недискриминација се основни елементи на меѓународната законска рамка во однос на човековите права. И покрај тоа што Република Македонија ги ратификува повеќето од меѓународните правни инструменти, во државата нема разработена стратегија за промоција на човековите права и слободи како и подигање на капацитетите на граѓанските организации и државните органи во таа насока. Граѓанското општество од своја страна во моментов е доста фрагментирано и со ниско ниво на активизам на граѓанските организации и граѓаните за прашања од областа на недискриминацијата. На почетокот на годината, во рамките на Министерството за труд и социјална политика формирана е работна група за подготовка на општ Закон за недискриминација. Граѓанските организации имаат свои претставници во ова тело.

Основна обука за недискриминацијаОпшта цел е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија. Цел на проектот беше подобрена координираност и заедничко делување на граѓанските организации и државните институции во промоцијата на еднаквите можности и недискриминацијата, и јакнење на нивните капацитети. Целна група беа граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје беше Република Македонија.
Постигнати резултати од проектот се: воспоставена неформална граѓанска коалиција за недискриминација (Македонија без дискриминација); одржани седум координативни состаноци на коалицијата; одржани две обуки за граѓанските организации на кои учествуваа 40 учесници; зајакнати капацитети на државните институции, пред се на канцеларијата на Народниот правобранител преку одржување на три обуки, и една обука за недискриминација за новинари.

Проектот се состоеше од следниве  активности:

- Воспоставување граѓанска коалиција за недискриминациа
Коалицијата за недискриминација е составена од граѓански организации од областа на недискриминацијата и човековите права: АДИ, ХДЗР „Месечина“, ХОПС опции за здрав живот, Шелтер центар, СОЖМ, ЦЧПРК, Полио плус, МАССО и МЦМС. Одржани се седум координативни состаноци и две обуки. На состаноците дискутирана е потребата од коалицијата и нејзиниот статус во однос на правната форма. Подготвен е и предлог статут на коалицијата кој е разгледуван од страна на организациите партнери во програмата. Полио плус е избран за организација домаќин на секретаријатот на коалицијата, а воедно и ја ажурира веб-страна www.equal.org.mk.

- Градење капацитети на граѓанската коалиција за недискриминација
Од 10 до 12 јуни во Скопје е одржана основна обука за недискриминација на која учествуваа претставници од организациите партнери, но и од други заинтересирани организации, како и претставници од Министерството за труд и социјална политика. Вкупниот број на учесници беше 22. Обучувачи беа Мирјана Најчевска и Беким Кадриу. Напредната обука за недискриминација се одржа од 14 до 16 октомври во Скопје. На истата учествуваа 19 учесници од кои најголемиот дел беа истите кои ја посетија и основната обука за недискриминација. Покрај локалниот експерт Мирјана Најчевска, со цел да се споделат искуствата од другите земји беше ангажирана и Катрин Владач од Институтот Болтцман од Виена. Од 10 до 12 декември во Маврово се одржа обука за недискриминација за новинари. Беа поканети националните и дел од локалните медиуми (пишани и електронски) да испратат по еден нивен новинар. На обуката учествуваа 11 новинари. Обучувачи беа Мирјана Најчевска и Сафет Балажи од Центарот за човекови права и разрешување конфликти.

- Градење капацитети на државните институции
Дел од проектот беше и градењето капацитети на државните институции. Фокусот на поддршката беше на институцијата Народниот правобранител. Одржани беа три обуки за: „Односи со јавност“, спроведена од обучувачките: Гонце Јаковлевска и Марина Тунева од 14 до16 Мај, во Скопје; „Раководење со проектен циклус“, спроведена од Димче Митрески од 30 мај до 03 јуни, во Скопје и обука за „Напреден менаџмент“, спроведена од Александар Кржаловски и Мајк Зајдердајн (МДФ Холандија) од 29 до 31 октомври, во Скопје.
Периодот на спроведување беше 1 март – 15 декември 2008 година.

Претпоставки кои влијаеја и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати беа: интересот за меѓусебна соработка на граѓанските организации и интересот за зголемување на капацитетите на организациите и институциите.

Активностите беа спроведувани во координација со вклучените граѓански организации.

Извршно резиме од проектот

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Структура за поддршка и градење капацитети