Преку обука за истражувачко новинарство, СЕЛДИ ги зајакнува капацитетите на граѓанските организации од регионот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Преку обука за истражувачко новинарство, СЕЛДИ ги зајакнува капацитетите на граѓанските организации од регионот PDF Печати Е-пошта
Вторник, 01 јули 2025 13:29

На 24 јуни 2025 година, тимот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) организираше онлајн обука за претставници на граѓански организации од регионот, фокусирана на техники на истражувачко новинарство и анализа на позначајни случаи на корупција во регионот. Обуката е дел од напорите на СЕЛДИ за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации добитници од СЕЛДИ Програмата за мали грантови. Учесници на обуката беа добитниците на грантови, како и други организации од регионот кои учествуваа на повикот за Програмата.

viber image 2025 06 24 10 27 42 820

Обуката беше спроведена од претставници на Центар за мониторинг и истражување, Организација за демократија, антикорупција и достоинство - ЧОХУ, партнерска организација на СЕЛДИ од Косово. Бесник Болетини, истражувачки новинар во ЧОХУ/Препортр, и Алтин Адеми, извршен директор на ЧОХУ, како обучувачи ја споделија својата експертиза стекната од нивното долгогодишно искуство во оваа област.

Учесниците се запознаа со методи за истражување на политичка патронажа и финансирање на политички партии, односно начини за како да се идентификуваат шеми на влијание и злоупотреба на јавни средства. За практичен осврт, обучувчите презентираа примери од истраги во секторите за животна средина и земјоделие во Косово, како што е случајот со индустриското загадување од Фероникели и неправилностите при доделување на земјоделски субвенции.

Проблемите во здравствениот сектор беа илустрирани преку случајот со шверц на цитостатици, покажувајќи како истражувачите користеле прикриени посети, следење на баркодови и фармацевтски записи за да откријат сериозни пропусти во надзорот.

viber image 2025 06 24 10 26 40 375

Со главна цел стекнување на вештини за истражување, учесниците беа запознаени со различни дигитални алатки и ресурси за спроведување онлајн истраги, вклучувајќи платформи за истражување компании, верификација на фотографии и пристап до архивирана интернет-содржина. Обучувачите дадоа и насоки за истраги преку социјални мрежи и пристапување до финансиски и податоци за лобирање од платформи на Европската Унија.

Обуката заврши со преглед на неколку високопрофилни случаи на корупција од целиот регион и дискусија меѓу учесниците за заедничките предизвици и дејствувања во иднина.

Видеото од обуката одржана е достапно на ОВОЈ ЛИНК, додека презентацијата може да се превземе на ОВОЈ ЛИНК.

Обуката е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Преку обука за истражувачко новинарство, СЕЛДИ ги зајакнува капацитетите на граѓанските организации од регионот