Жените и младите прават промени со поддршка од Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Жените и младите прават промени со поддршка од Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Среда, 09 јули 2025 19:11

Во текот на 2025, Цивика мобилитас ја продолжува својата мисија за јакнење на граѓанското општество преку поддршка на иницијативи што носат вистински промени на локално и на национално ниво. Во фокусот на последните три приказни се жените и младите како двигатели на општествени трансформации во нивните заедници. Приказните објавени во април, мај и јуни, ги истакнуваат нивните заложби и резултатите постигнати со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

1 4 scaled e1751295158730 1024x607

Приказната во април ја посветивме на жените од руралните средини во Североисточниот регион. Во кривопаланечкото село Мождивњак, жените веќе не се тивки набљудувачи, туку активни учеснички во локалниот развој. Преку проектот „Активни жени“, спроведен од Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово и партнери, околу 220 жени од Куманово, Крива Паланка и Кратово се мобилизирани и обучени за застапување и учество во процесите на носење одлуки. За првпат, жителките од рурални средини дознаа за своите права, за механизмите за барање информации од јавен карактер, и поднесоа први иницијативи - како што се: барање за детско игралиште и подобрување на водоводната мрежа. Нивната сплотеност и информираност создаваат нова енергија за локални промени, покажувајќи дека и жените од најоддалечените села можат да бидат клучни актери во развојот.

naslovna 1 scaled e1745405926195 1024x577

Прочитај ја целата приказна „Жените од руралните средини охрабрени и организирани за промени во локалните заедници“

Приказната во мај ја посветивме на достапните услуги за поддршка на жените и ранливите групи во Пелагонија. Во Прилеп, Битола и Долнени, проектот „Нејзин глас – нејзина моќ“ ја отвори вратата кон правна и психосоцијална поддршка за маргинализираните жени и девојки. Во заедниците каде семејното насилство и дискриминацијата  долго време биле премолчувани, сега постојат достапни, бесплатни и доверливи услуги. Центарот за граѓанска иницијатива - Прилеп, заедно со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ и Мултиетничкото здружение за сите возрасти од Црнилиште преку проектот поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас иницира пополнување на тие празнини. „Сега знам дека имам право на заштита и достоинствен живот“, вели жена од Долнени, чиј случај на семејно насилство доби институционална постапка благодарение на проектот. Покрај жените, проектот им даде поддршка и на самохрани татковци и ранливи категории граѓани, што го прави активностите  модел за инклузивност и еднаквост.

k.10 e1748335742249 768x418

Прочитај ја целата приказна „Достапните и доверливи услуги создаваат силна основа за промени во Пелагонија“

Јунската приказна е за младинската моќ против климатските закани во југозападниот регион. Климатските промени добија младински одговор преку проектот „Да учиме за климатските промени“, спровеуван од Извидничко поречанскиот одред „Крсте Јон“ – Струга, здружението Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар и Регионалниот зелен центар – Охрид. Преку обуки, младински камп и настани како панел-дискусијата на бродот „Галеб“ на Денот на Охридското Езеро, младите станаа активни носители на климатска свест и еко-решенија. Ученици осмислија иницијативи за рециклирање, соларни иновации и заштита на природните ресурси во нивните општини. Она што започна како обука за пишување проект, прерасна во платформа или мрежа за заедничка иднина која ги руши бариерите, генерациски, национални и институционални.

Прочитај ја целата приказна „Младинска моќ против климатските закани во Охрид, Струга и Дебар“


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Жените и младите прават промени со поддршка од Цивика мобилитас