Двете најголеми програми на УСАИД заеднички ќе се борат против корупцијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Двете најголеми програми на УСАИД заеднички ќе се борат против корупцијата PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 јуни 2024 13:45

Вчера (25 јуни) во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија се одржa еднодневна работилница посветена на соработката помеѓу програмите  „Граѓаните против корупцијата“ (ГПК) и „Партнерство против корупцијата“ (ППК).

1719401442499216

Јакнење на свеста кај граѓаните како и подобрување на соработката со институциите за поголемо влијание во борбата против корупцијата беше во фокусот на вчерашната работилница. Тимовите на двете најголеми програми посветени на борбата против корупцијата заеднички преку презентација на годишните програми и отворена дискусија ги разгледаа взаемните точки и можности за соработка. На работилницата учествуваа и претставници на УСАИД.

1719401441588344

Како главен заклучок произлезе дека главен фокус се граѓаните како најзасегнати од последиците на коруптивните дејствија. Подеднакво значајно е и зајакнување на капацитетите на државните институции кои исто така се директно се засегнати во борбата против корупцијата. Вториот дел од работилницата е веќе закажана за втората половина на август.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Двете најголеми програми на УСАИД заеднички ќе се борат против корупцијата