Перцепции за корупцијата и мотивација за вклучување во борба против корупцијата - Заклучоци од реализирани фокус групи - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Перцепции за корупцијата и мотивација за вклучување во борба против корупцијата - Заклучоци од реализирани фокус групи PDF Печати Е-пошта
Вторник, 30 јануари 2024 18:35

Институт за демократија, во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“, спроведе квалитативното истражување со цел да се добијат информации за перцепциите на граѓаните за корупцијата, како и повеќе сознанија за мотивациите и за препреките за нивно активно учество во борбата против корупцијата.

mockup MKD 1 Custom

Од увидот во мислењата на учесниците во фокус групите по различни прашања може да се заклучи дека омасовувањето на акциите во борбата против корупција врз поголемиот дел граѓани влијае мотивирачки тие активно да се вклучат/да ги поддржат овие напори. Сознанието дека се идентификувани и санкционирани случаи на корупција исто така позитивно влијае врз мотивацијата самите да пријават или да поддржат активности за сузбивање на корупцијата. Значаен мотивирачки фактор за учесниците е чувството на сигурност дека се безбедни од реперкусии доколку јавно изразат став/мислење. Согласно со овој наод, редовното информирање на граѓаните околу достапните канали за анонимно пријавување корупција, но и споделувањето информации за решени корупциски случаи би влијаеле кон зголемување на довербата на граѓаните во системските решенија за борба против корупцијата.

За потребите на анализата беа реализирани осум фокус групи со вкупно 80 граѓани од сите региони на државата, по една фокус група во секој регион. При формирањето на групите, се настојуваше да се обезбеди рамномерна родова застапеност меѓу учесниците. Фокус групите беа спроведени во периодот помеѓу 10 и 25 август 2023 година. Учесниците дискутираа за повеќе теми поврзани со корупцијата – што за нив претставува корупција, на кој начин корупцијата влијае врз општеството, кои се клучните засегнати институции од проблемот со корупцијата, како и тоа какви се нивните видувања за улогата на граѓаните и различните засегнати страни во решавањето на проблемот со корупцијата.

Целата публикација може да ја прочитате тука:

Перцепции за корупцијата и мотивација за вклучување во борба против корупцијата – Заклучоци од реализирани фокус групи

Perceptimet për korrupsionin dhe motivimi për angazhim në luftën kundër korrupsionit – Konkluzione nga fokus grupet e realizuara

Perceptions of corruption and motivation to engage in the fight against corruption- Conclusions from focus group discussions


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Перцепции за корупцијата и мотивација за вклучување во борба против корупцијата - Заклучоци од реализирани фокус групи