Перцепции за корупцијата и мотивација за вклучување во борба против корупцијата - Заклучоци од реализирани фокус групи |
Tuesday, 30 January 2024 18:35 | |||
Институт за демократија, во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“, спроведе квалитативното истражување со цел да се добијат информации за перцепциите на граѓаните за корупцијата, како и повеќе сознанија за мотивациите и за препреките за нивно активно учество во борбата против корупцијата. Од увидот во мислењата на учесниците во фокус групите по различни прашања може да се заклучи дека омасовувањето на акциите во борбата против корупција врз поголемиот дел граѓани влијае мотивирачки тие активно да се вклучат/да ги поддржат овие напори. Сознанието дека се идентификувани и санкционирани случаи на корупција исто така позитивно влијае врз мотивацијата самите да пријават или да поддржат активности за сузбивање на корупцијата. Значаен мотивирачки фактор за учесниците е чувството на сигурност дека се безбедни од реперкусии доколку јавно изразат став/мислење. Согласно со овој наод, редовното информирање на граѓаните околу достапните канали за анонимно пријавување корупција, но и споделувањето информации за решени корупциски случаи би влијаеле кон зголемување на довербата на граѓаните во системските решенија за борба против корупцијата. За потребите на анализата беа реализирани осум фокус групи со вкупно 80 граѓани од сите региони на државата, по една фокус група во секој регион. При формирањето на групите, се настојуваше да се обезбеди рамномерна родова застапеност меѓу учесниците. Фокус групите беа спроведени во периодот помеѓу 10 и 25 август 2023 година. Учесниците дискутираа за повеќе теми поврзани со корупцијата – што за нив претставува корупција, на кој начин корупцијата влијае врз општеството, кои се клучните засегнати институции од проблемот со корупцијата, како и тоа какви се нивните видувања за улогата на граѓаните и различните засегнати страни во решавањето на проблемот со корупцијата. Целата публикација може да ја прочитате тука:
|