Цивика мобилитас ја почна последната фаза - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивика мобилитас ја почна последната фаза PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 април 2023 12:41

Започна спроведувањето на новата, последна фаза на Цивика мобилитас што ќе трае до крајот на 2026 година. Таа и понатаму во фокусот ги има социјалните промени во земјава кои се поттикнати од силно граѓанско општество, активни граѓани и добра соработка со властите. Ова се очекува да резултира со проширен граѓански простор, одржливи граѓански организации и потранспарентно, одговорно и социјално инклузивно владеење на централно и на локално ниво.

civica mobilitas 2023

Цивика мобилитас е финансирана од Владата на Швајцарија, а ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со НИРАС од Данска, и ФЦГ од Шведска.

Цивика мобилитас ќе работи на интензивирање на граѓанскиот ангажман, на зголемување на граѓанското учество и на подобрување на околината за развој на граѓанското општество. Планираните активности треба да ја зголемат довербата во граѓанското општество, да ги подобрат процесите на носење на јавните политики и да помогнат за диверзификација на финансирањето на граѓанските организации. Активностите во голема мерка ќе се спроведуваат во синергија со граѓанските организации, особено со оние кои ќе бидат корисници на еден од двата типа грантови: партнерски или грантови за градење конституенти. Покрај грантовите, Цивика мобилитас ќе обезбеди простор за дискусии преку националниот, тематските форуми или регионалните и националниот фестивал, средбите за вмрежување итн.

Буџетот на програмата околу 4,5 милиони швајцарски франци, од кои 3 милиони се наменети за грантови и директни активности.

Следете не на https://civicamobilitas.mk/ и https://www.facebook.com/civicamobilitas/ за сите активности што претстојат.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Цивика мобилитас ја почна последната фаза