СЕЛДИ продолжува со подготовка на регионалниот билтен за антикорупција |
Среда, 12 април 2023 12:41 | |||
Во новиот двомесечен билтен на СЕЛДИ #64 може да прочитате за новите случувања на полето на антикорупција на Балканот и активностите на организациите членки на мрежата. Во билтенот е даден преглед на моменталната состојба на напорите за борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан, вклучително и загриженоста за деловната транспарентност и законските измени кои ги зголемуваат овластувањата на парламентите за мониторинг. Исто така, опфатени се информации за улогата на граѓанското општество во борбата против корупцијата и истакнати се најновите активности на мрежата СЕЛДИ, како што се настаните поврзани со подобрување на партиципативната демократија и зајакнувањето на влијанието на граѓанското општество во процесите на креирање политики и реформи. Дополнително, во билтенот се осврнуваме на предизвиците поврзани со анкетните листови и нуди увид во идните планови за антикорупциски напори во регионот. Информациите се собрани од повеќе различни извори за да ви овозможат најрелевантни информации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС. Програмата е финансирана од Европската Унија.
|