Граѓанска солидарност за Кочани - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанска солидарност за Кочани PDF Печати Е-пошта
Среда, 19 март 2025 14:58

Деновиве сме соочени со една од најголемите трагедии што го погодила нашето општество. Како луѓе и граѓански активисти, чувствуваме силна потреба и одговорност да понудиме поддршка и да се солидализираме со сите оние кои се директно погодени од трагичниот настан во Кочани.

za kocani

Дел од граѓанските организации и грантисти на Цивика мобилитас, веќе понудија или се вклучени во поддршката на жртвите, на семејствата и на сите останати. Со оваа објава, сакаме да ги направиме тие информации подостапни за сите оние кои имаат потреба.

Подолу се информации за поддршката која ја нудат организациите:

Ја споделуваме со Вас солидарноста што во овие мигови ја покажуваат и дел од граѓанските организации, поранешни корисници на грантови на Цивика мобилитас.

Конект започна кампања за собирање средства за семејствата на настраданите и засегнатите од пожарот во Кочани. Средствата ќе се користат за итни потреби (лекување, правна помош, патување итн.), психо-социјална поддршка, како и справување со последиците. До сега, од поставената кампања на интернет платформата за групно донирање Оп-оп, се собрани 135.800 денари од граѓани. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, бизниси и субјекти да донираат преку Оп-оп или да се обратат на тел. 02/ 3224 198 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Фондацијата ИКРАУД формира Донаторски фонд за финансиска помош на семејствата на починатите и повредените. Сите собрани средства ќе бидат распределени подеднакво на сите пријавени семејства. Кампањата е отворена до крајот на месецов, а веќе се собрани повеќе од 2.000.000 денари. Фондацијата ги става сите канали за собирање на донации на располагање на фондот, вклучувајќи ги и телефонските броеви.

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ и нејзиниот тим на психолози и стручни лица се на располагање за директни средби или телефонски консултации. За контакт: 070 390 632. Освен АЛОБУШАВКО (070 390 632), активни се шест телефони за психолошка прва помош во рамки на 24 часа.

Македонија 2025 ја заапочна кампањата за донации “Hope for Kočani – Support the Families” за да им помогне на оние што се погодени. Сите средства ќе бидат директно префрлени на Црвениот крст на град Скопје, обезбедувајќи итна помош за медицински трошоци, трошоци за погреб и емоционална поддршка.

Колективната солидарност е клучна за помош и за ублажување на болката на семејствата погодени од трагедијата. Секој мал гест на поддршка има огромно значење, без разлика дали се работи за донирање, волонтирање или за психолошка и правна помош.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓанска солидарност за Кочани