Каков Совет за соработка им треба на граѓанските организации? - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Каков Совет за соработка им треба на граѓанските организации? PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 11 септември 2017 09:39

Во пресрет на рокот за доставување предлози за изменување и дополнување на одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) заедно со ИПА механизмот на граѓански организации на 5 септември 2017 година, организираа консултативна средба на која ја дискутираа содржината на одлуката и ги усогласуваа различните мислења и ставови за формирање на функционален Совет. 

Kakov Sovet za sorabotka im treba na gragjanskite organizacii

На настанот беа присутни 30-тина претставници од 89-те организации кои претходно упатија јавна реакција за запирање на процесот за избор на претставници од граѓанското општество во Советот за соработка, како и еден претставник од избраните членови за Советот. 

Присутните дискутираа и предложија измени и дополнувања на текстот на предлог-Одлуката за клучните елементи: зголемување на бројнот на членовите од редовите на граѓанските организации, подигање на нивото (во административната хиерархија) на претставниците од органите на државна управа подигнување на транспарентноста и отчетноста при спроведувањето на изборот на претставници од граѓанските организации, и сеопфатност на областите од кои доаѓаат членовите од граѓанските организации. 

Советот за соработка на Владата со граѓанскиот сектор треба да биде еден од најважните корективни и механизми за соработка  на граѓанските организации  и на Владата што ќе овоможи учество во креирањето и спроведувањето на политиките кои се од интерес за граѓаните. Овој консултативен процес ќе ги земе предвид искуствата и практиките од регионот, но и пошироко.   

Клучните барања во поглед на изменување и дополнување на текстот, забелешките и предлозите ќе бидат интегрирани во еден документ и истиот ќе биде консултиран со останатите граѓански организации.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Каков Совет за соработка им треба на граѓанските организации?