Потребна е одлучна борба против корупцијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Потребна е одлучна борба против корупцијата PDF Печати Е-пошта
Петок, 09 декември 2016 17:09

Ние, граѓанските организации од Платформата за борба против корупција по повод 9 декември Меѓународниот ден за борба против корупцијата се придружуваме кон глобалната кампања на Обединетите Нации под мотото „Обединети против корупцијата”.

Во периодот кој следи, има потреба од одлучна и непоколеблива борба против корупција. Според извештајот на Европската комисија, корупцијата претставува една од пречките на заедничкиот пат кон европската интеграција на земјата. Скоро секој трети граѓанин е изложен на притисок за некоја форма на административна корупција, а три од секои четири граѓани сметаат дека во Македонија има распорстранета корупција. Истовремено, постои континуиран недостаток на волја кај надлежните институции да се справат со високата корупција и да покренат истраги за индиции за вклученост на високи функционери во коруптивни активности.

Оттука ги повикуваме:

  • Политичките партии кои ќе победат на изборите и оние кои ќе бидат во опозиција, заеднички и сериозно да се зафатат со решавање на овој проблем во идниот состав на Собранието. 
  • Јавните обвинителства и судовите на Република Македонија на поефикасна борба со корупцијата. 
  • Државната комисија за спречување на корупцијата ефективно да ги спроведува своите надлежности во надзор на антикорупциските активности на сите јавни институции. 
  • Новинарите да ги интензивираат истражувачките стории како една од значајните алки во борбата против корупцијата. 
  • Граѓаните и граѓанските организации заеднички и проактивно да делуваат во сузбивањето на корупцијата и пружање отпор кон нејзиното прифаќање како општествена норма.

Борбата против корупцијата е општествено прашање и ќе зависи од интегритетот на сите чинители во општеството, на нас како поединци и на институциите кои се вклучени во овој процес. Граѓаните на Македонија заслужуваат ефикасни и институции со интегритет за да уживаат во општество во кое ќе владее правото. 

Честит Меѓународен ден на борба против корупција.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Потребна е одлучна борба против корупцијата