Потребна е одлучна борба против корупцијата |
E premte, 09 dhjetor 2016 17:09 | |||
Ние, граѓанските организации од Платформата за борба против корупција по повод 9 декември Меѓународниот ден за борба против корупцијата се придружуваме кон глобалната кампања на Обединетите Нации под мотото „Обединети против корупцијата”. Во периодот кој следи, има потреба од одлучна и непоколеблива борба против корупција. Според извештајот на Европската комисија, корупцијата претставува една од пречките на заедничкиот пат кон европската интеграција на земјата. Скоро секој трети граѓанин е изложен на притисок за некоја форма на административна корупција, а три од секои четири граѓани сметаат дека во Македонија има распорстранета корупција. Истовремено, постои континуиран недостаток на волја кај надлежните институции да се справат со високата корупција и да покренат истраги за индиции за вклученост на високи функционери во коруптивни активности. Оттука ги повикуваме:
Борбата против корупцијата е општествено прашање и ќе зависи од интегритетот на сите чинители во општеството, на нас како поединци и на институциите кои се вклучени во овој процес. Граѓаните на Македонија заслужуваат ефикасни и институции со интегритет за да уживаат во општество во кое ќе владее правото. Честит Меѓународен ден на борба против корупција.
|