Каква беше овозможувачката околина за развој на граѓанските организации во 2016 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Каква беше овозможувачката околина за развој на граѓанските организации во 2016 PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 октомври 2016 15:03

Започна прибирањето податоци за проценка на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2016 година. Ги повикуваме сите граѓански организации да придонесат со своите одговори. Прашалникот може да го пополните доколку ни испратите е-маил и име на организацијата на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 27 октомври 2016 година (четврток). Ќе добиете линк на кој ќе можете да го отворите и пополните прашалникот.

MM logo

Податоците ќе бидат основа за подготовка на извештај со кој ќе ги информираме релевантните чинители и ќе направиме притисок за развој на соодветно законодавство и неговото доследно спроведување.

Последното истражување резултираше со Извештајот од следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество што го подготви и издаде МЦМС на почетокот од 2016 година. Истражувањето се подготвува четврта година по ред.

Прашалникот е подготвен во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Каква беше овозможувачката околина за развој на граѓанските организации во 2016