Каква беше овозможувачката околина за развој на граѓанските организации во 2016 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Каква беше овозможувачката околина за развој на граѓанските организации во 2016 PDF Print E-mail
Friday, 21 October 2016 15:03

Започна прибирањето податоци за проценка на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2016 година. Ги повикуваме сите граѓански организации да придонесат со своите одговори. Прашалникот може да го пополните доколку ни испратите е-маил и име на организацијата на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 27 октомври 2016 година (четврток). Ќе добиете линк на кој ќе можете да го отворите и пополните прашалникот.

MM logo

Податоците ќе бидат основа за подготовка на извештај со кој ќе ги информираме релевантните чинители и ќе направиме притисок за развој на соодветно законодавство и неговото доследно спроведување.

Последното истражување резултираше со Извештајот од следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество што го подготви и издаде МЦМС на почетокот од 2016 година. Истражувањето се подготвува четврта година по ред.

Прашалникот е подготвен во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Каква беше овозможувачката околина за развој на граѓанските организации во 2016