Избран новиот Одбор на директори - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Избран новиот Одбор на директори PDF Печати Е-пошта
Петок, 29 јули 2016 13:22

Управниот одбор на, 27 јули 2016 г. го избра новиот Одбор на директори на МЦМС и тоа Александар Кржаловски е избран за прв извршен директор, а Гонце Јаковлеска за извршен директор на МЦМС, со мандат до 2021 година.

nov-ond

Александар Кржаловски е вработен во МЦМС од 1995 г., а од 1999 г. ги раководи програмите насочени кон односите со заедниците и за Балканот и беше одговорен за организациските работи во МЦМС. Од 2008 г. ја вршеше функцијата извршен директор на МЦМС. Има големо искуство во координација и раководење со различни проекти и програми меѓу кои и големите хуманитарни операции од периодот 1999-2001 г. и активности кои вклучуваа чувствителни целни групи. Автор е на повеќе публикации.

Гонце Јаковлеска е вработена во МЦМС од 1996 година, како асистент, а потоа соработник, одговорна за односите со јавност на проектите, програмите и на целата организација. Покрај тоа, дел од нејзиното портфолио било и раководењето со проекти и програми, главно поврзани со кампањи и медиуми. Таа има испорачано голем број обуки за различни целни групи, во Македонија и странство, главно во областа на комуникациските и презентациските вештини, односите со јавноста и медиумите, обуки за обучувачи и сл. Автор е на повеќе истражувања и промотивни публикации.

Димче Митрески, претходниот извршен директор на МЦМС, се повлече од позицијата почетокот на годината, заради кариерни причини.

Одборот на директори е извршен орган на МЦМС, одговорен за секојдневното управување со работниот процес на МЦМС. Беше воспоставен во 2009 година кога директори беа Сашо Клековски и Александар Кржаловски. Изборот беше направен по јавниот оглас за извршни директори, и јавното сослушување на кандидатите, согласно Правилникот за избор на Одбор на директори.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Избран новиот Одбор на директори