Јавен конкурс за извршни директори - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен конкурс за извршни директори PDF Печати Е-пошта
Среда, 15 јуни 2016 00:00

Извршните директори на МЦМС го сочинуваат Одборот на директори кој е орган на секојдневно управување со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на два извршни директори.

Кандидатите треба да имаат:

  • Познавање на мисијата на МЦМС и концептите на граѓанско општество;
  • Способност за водство ориентација, управување и мотивирање на другите;
  • Знаења за генерален менаџмент - основни раководни концепти, организациски развој, стратешко планирање, оценување, финансиско планирање и раководење, раководење со човечки ресурси;
  • Способност за комуникација и презентација;
  • Висок интегритет, одговорност и отчетност;
  • Почит за другите,  вклучителност и партиципативност, поддршка на мултикултурноста.

Конкурсот е отворен до 30 јуни 2016 година.

Пријавување на конкурсот се врши со писмо, биографија во формат на МЦМС, краток есеј за прашање од јавната политика од значење за МЦМС (до три страници), кратка изјава за сопственото видување на МЦМС (до една страница), кратка изјава за целите во кариерата (до една страница).

Преземи потребни документи:

Изборот го врши Управниот одбор на МЦМС, кој има право да избере двајца од кандидатите, само еден или да не избере никого (при што постапката ќе се повтори во рок од два месеци).

Дополнителни информации можат да се побараат исклучиво на е-поштата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите на која треба да се достават и пријавите.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Јавен конкурс за извршни директори