Советот на МЦМС го усвои Годишниот извештај и избра нови состави на Советот и Управниот одбор |
![]() |
![]() |
![]() |
Среда, 30 април 2025 12:26 | |
Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 29 април 2025 година ја одржа редовната седница на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2024 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор и беа избрани нови состави на Управниот одбор и Советот на МЦМС. Годишниот извештај за 2024 година го презентираше Александар Кржаловски, директор на МЦМС. Тој се осврна на постигнувањата во програмите на кои работеше организацијата во претходната година, како и на финансиските податоци, а направи и рефлексија првите месеци од оваа година. „МЦМС ја заврши годината во која спроведуваше 28 проекти, а буџетот изнесуваше околу 180 милиони денари (околу три милиони евра). Фокусот беше на јакнењето на граѓанското општество, борбата против корупцијатаи социјалната инклузија“, рече тој.
Во вториот дел од седницата со тајно гласање беа спроведени избори на членови на Управниот одбор и Советот. Од предложените 22 кандидати за членови на Советот, беа избрани 18, па новиот состав на Советот го сочинуваат: Елена Кочоска (на предлог на УО), Надир Реџепи (ИнСок), Герман Филков (ЦГК), Лулзим Хазири (АДИ), Симонида Кацарска (ЕПИ), Назиф Авди (МЗМП), Неда Малеска Сачмароска (ЦУП), Дејан Страчковски (МПЦ), Ирсал Јакупи (ИВЗ), Благица Петрески (Фајнанс тинк), Марко Трошановски (ИДСЦС), Сања Васиќ (МИМ), Назим Рашиди (Диверзити медиа), Драган Секуловски (ЗНМ), Тетјана Лазаревска (МРФП), Наташа Вртеска (ЗЕЛС), Томе Христоски (општина Крушево), Никица Мојсоска Блажевски (Македонија 2025). Новиот состав на Управниот одбор е: Елена Кочоска (на предлог на УО), Надир Реџепи (ИнСок), Васил Манасиев (МПЦ), Неда Милевска Костова (Студиорум), Тетјана Лазаревска (МРФП), Сања Васиќ (МИМ), Назим Рашиди (Диверзити медиа). МЦМС им додели благодарници за досегашната посветена работа на членовите на двете тела на кои им завршија мандатите со посебно признание до Сашо Клековски, еден од основачите и долгогодишен директор на МЦМС.
|