Цивика мобилитас на „Битола отворен град 2016“ |
Четврток, 30 јуни 2016 15:23 | |||
Регионалниот форум за соработка на граѓанските организации и активисти од Плагонискиот и Југозападниот регион се одржа 24 јуни 2016 година, во Порта Џез- Битола како дел од програмата на 15-тот издание на фестивалот „Битола отворен град 2016“. Форумот се одвиваше во два дела, работилница и јавна дебата. Работилницата беше наречена „Фото глас- алатка за граѓански активизам на локално и на регионално ниво“. Алатката може да послужи да се идентификуваат потенцијалните или постоечките проблеми во заедниците преку фотографирање. Потоа фотографиите кои го визуелизираат пробемот се кристат за влијание врз институциите да се ангажираат во решавањето на проблемите. Освен кај институциите, може да се влијае и кај граѓаните, да им се подигне свеста за проблемите што ги опкружуваат. Покрај презентацијата на алатката, учесниците, поделени во пет групи, излегоа на терен да ги снимат проблемите. Вториот дел од форумот беше наменет за јавна дискисија на темата „Родов гејминг за еднакви права“ со новинарката и граѓанска активистка Ана Јовковска. Таа ја објасни моменталната состојба со рамноправност на жената во Македонија и во светот. Јовковска зборуваше за тоа дали навистина светот во кој живееме е рамноправен; дали всушност живееме во политичка идеологија за еднаквост. „Доколку продолжиме со ова темпо на живот треба да чекаме 75 години за стигнеме до еднакво вреднување на мажите и жените за иста работа во Македонија “ рече Ана Јовановска. Во дискусијата беше начнато и прашањето на религијата, односно, како да се дознае дали религиозноста е автентичен или наметнат избор и за прашањето за позитивна дискриминација. Еден од организаторите „Битола отворен град 2016“ и организатор на работилницата беше Младински културен центар- Битола, институционален грантист на Цивика мобилитас.
|