Цивика мобилитас ги промовираше новите грантисти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивика мобилитас ги промовираше новите грантисти PDF Печати Е-пошта
Среда, 06 јули 2016 14:19

„Семејството на грантисти на Цивика мобилитас, од денес се зголеми за 22 нови членови и сега брои вкупно 115 организации“, рече Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас на денешната промоција на новите акциски, мали и ад хок грантисти на Цивика мобилитас. Вкупно 15 организации добија акциски грантови наменети за поддршка на граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности со вкупен буџет од над 27 милиони денари. Планираните активности ќе бидат насочени во повеќе сектори како што се: антикорупцијата, владеењето на правото, родовите прашања, медиумите, животната средина, културата, спортот и рекреацијата итн. Организациите добитници се од скопскиот, од полошкиот и од југоисточниот регион. Низ кратки видеа беа презентирани планираните активности на акциските грантисти.

Civika mobilitas gi promovirashe novite grantisti 1

На настанот беа промовирани и пет мали акциски и два ад хок грантисти кои низ нивните активности во фокус ќе ja стават потребата од дебата, дилемите и условите во општеството, Скопје низ очите на безгласните граѓани, Галичник, итн.

Цивика мобилитас за прв пат додели и шест стипендии за докторанди со кои ќе им се овозможи да го спроведат своето задолжително оригинално истражување кое е обврска за докторската дисертација на теми кои се релевантни за развојот на граѓанскиот сектор.

Civika mobilitas gi promovirashe novite grantisti 2

Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада им ги врачи договорите на грантистите. Таа истакна дека ќе продолжи поддршката на медиумите и организациите кои работат со медиуми бидејќи се важен дел од граѓанското општество. „Се надевам дека од поблиската соработка меѓу медиумите и граѓанските организации ќе имаат придобивка и двете страни, но уште поважно е дека тоа ќе биде придобивка за доброто владеење во земјата.

Civika mobilitas gi promovirashe novite grantisti 3

Новата поддршката за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество преку програмата Цивика Мобилитас започна во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци.

  • Здружението за заштита и унапредување на човековите слободи и права „Сведок“ за проектот „Mедиумско известување за случаите по кои  постапува специјалниот јавен обвинител“;
  • Акција Здруженска за проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“;
  • Центарот за климатски промени од Гевгелија за проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“;
  • Женски форум од Тетово за проектот „Економско зајакнување на жените во Полошкиот регион преку застапување и промовирање на нивните имотни права“;
  • Сојузот на извидници на Македонија за проектот „Извидниците за активно општество“;
  • Федерацијата на планинарски спортови на Македонија за проектот „Национална кампања за подигање на свеста и значењето на туристичко-рекреативните патеки“;
  • Центарот за современи уметности за проектот „Урбани уметнички акции“;
  • Транспарентност Македонија за проектот „Градење капацитети за транспарентност на грас рут организациите“;
  • Националниот совет за родова рамноправност за проектот „Здружени кон промени“
  • Македонскиот центар за женски права-Шелтер центар за проектот „Економско зајакнување и психо-социјална поддршка на невработени самохрани мајки“;
  • Институтот за европска политика за проектот „Национална ЕУ дебата“;
  • Центарот за едукација и развој од Теарце за проектот „Вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници“;
  • Транспаренси Интернешнл – Македонија за проектот „Сите заедно по патот до правда“;
  • Здружението за слободен развој на мислата САКАМ ДА КАЖАМ за проектот „Оспособување на локалните дописници за критичко и конструктивно парнерство со локалните институции“ и
  • Евро-атлантскиот совет на Македонија за проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во светлината на евро-атланските интеграции“.

  • Здружението на граѓани за развој на критичка мисла ЛИВАДА Скопје  за проектот „Биди ИН, дебатирај!“;
  • Центарот за развој на медиумите во заедницата за проектот „Во очите на своите неслушнати граѓани“;
  • Здружението за развој на месна заедница Галичник за проектот „Галичко културно лето“;
  • Здружението на историчари Албанци во Македонија за проектот „Светицата од Скопје – Коресподенции“ и
  • Здружението за истражување и развој на општеството ФОРУМ ПЛУС за проектот „Некои дилеми и состојби во нашето општество“.

  • Институтот за безбедносни и мировни истражувања Карл фон Клаузевиц од Прилеп за проектот „Прирачник за безбедни протести“ и
  • Здружението за истражувања, анализи и развој Зелена лупа за проектот „Ајде да спасиме судбини“.

  • Александар Маркоски за „Кривичните дела од омраза-фактори и казнено-правен одговор“;
  • Нена Неновска Ѓорѓиевска за „Влијанието на вооружените конфликти врз бегалската криза на Блискиот исток и одговорот на земјите од Балканот“;
  • Марија Димитровска за „Културната траума како генератор на криза: проблемот на општествена и културна репродукција“;
  • м-р Ана Секуловска за „Влијанието на граѓанското општество врз креирањето на политики во образовниот систем (самооценка и патокази)“;
  • Џемаил Лимани за „Говорот на омраза како фактор на безбедност во Република Македонија“ и
  • Ива Петрунова за „Градот во транзиција – Социолошки, социо-просторни и архитектонски промени  (примерот на Скопје)“.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Цивика мобилитас ги промовираше новите грантисти