Вмрежување и соработка на граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вмрежување и соработка на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 Февруари 2016 00:00

На 11 февруари 2016 година, во хотелот Континентал во Скопје се одржа форум на тема „Вмрежувањето и соработката на граѓанските организации“ што го организира проектот ТАКСО во соработка со Ресурсниот центар воден од МЦМС.

Vmrezhuvanje i sorabotka na gragjanskite organizacii 1

Вмрежувањето е моќен глас“, рече во своето воведно обраќање Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Покрај тоа, според Иванова, вмрежувањето е и домаќинско работење. „Со вмрежувањето, се користат сите ресурси што ги имаат организациите, сите знаења и искуства. Кога сте вмрежени“, рече Иванова, „ја имате експертската сила, го имате искуството станувате релевантен партнер на Владата“. Таа изрази очекување дека вмрежувањето ќе биде трајна определба и ќе има коинтинуитет и ги повика организациите да ги искористат финансиите од ЕУ и да размислуваат за помалите иницијативи.

Даниела Стојанова од Ресурсниот центар на ТАКСО воден од МЦМС ги презентираше резултатите од анкетата со граѓанските организации. Вкупно 128 организации го одговориле прашалникот, од нив, речиси 60% членуваат во мрежи. „Мотивот за вмрежување и придобивките од мрежите најчесто се: остварувањето на општествени промени и размената на информации“, рече Стојанова и додаде дека кај анкетираните преовладуваат позитивните ставови за ефективноста на мрежите. Најголем дел од организациите добиле поддршка од ТАКСО (скоро половина) и тоа најмногу добиле ресурсни материјали, потоа градење капацитети и контакти и информации за вмрежувањето.

Vmrezhuvanje i sorabotka na gragjanskite organizacii 2

Јасмина Чаушоска од Ресурсниот центар на ТАКСО воден од МЦМС ги презентираше наодите од анкетата за потребите на мрежите и придобивките од вмрежувањето. „Персонал и волонтери ангажирани во седиштето на мрежите се услов за успех, сметаат анкетираните“, рече Чаушоска објаснувајќи ги резултатите од анкетата. „Особено, платениот персонал и финансирањето на активностите се истакнати како потреби“, додаде таа. Персоналот треба да ги зајакне капацитетите особено вештините за истражување и развој, односи со јавност и развој и раководење со проекти. Интересно е што перцепцијата за ефикасност на работењето на мрежите и остварувањето на резултати е попозитивна кај самите мрежи отколку кај нејзините членки.

Повеќе од осумдесет присутни претставници на граѓански организации и мрежи ја започнаа дискусијата за наодите од анкетите. Дискусијата продолжи во две работни групи чии заклучоци ќе бидат вклучени во извештаите за двете анкети.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Вмрежување и соработка на граѓанските организации