МЦМС на Саем за партнерства во Виена - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС на Саем за партнерства во Виена PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 18 мај 2015 14:34

Од 4 до 6 мај 2015 г. во Виена, Австрија се одржа петтиот Саем за партнерства во организација на проектот ТРИАЛОГ. МЦМС на Саемот го претстави Симона Огненовска.

MCMS na Saem za partnerstva vo Viena 1

На Саемот учествуваа граѓански организации кои делуваат на локално, организации кои работат на глобално ниво и донатори. Тие можеа меѓусебе да разменат информации за донаторските стратегии и за потребите на граѓанското општество во локален контекст. Една од целите на Саемот беше да се иницираат партнерства, да се поттикне соработка, да се овозможи учење и размена на меѓународно ниво за подготовка на заеднички проекти.

MCMS na Saem za partnerstva vo Viena 2

Во фокусот беа и активностите за подигнување на свесноста и образованието за развојна соработка, како и дискусии и развој на партнерства за проекти кои ги третираат прашањата на социјална правда, човекови права, глобално граѓанство, демократија, развој и одржливост на граѓанските организации.

Симона Огненовска ја презентираше работата на МЦМС пред повеќе од 100 учесници на Саемот. Таа учествуваше и во работните групи каде се истражуваше можноста локалните предизвици во јакнењето на капацитетите на граѓанските организации да се преточат во акции на меѓународно ниво и да се обезбеди нивна одржливост.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС на Саем за партнерства во Виена